вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Вести

Венко Филипче и Вице Заев на своите средби не разговарале за тендери, туку да се подобри продажбата на Мамас производите (ВИДЕО)

Венко Филипче и Вице Заев на своите средби не разговарале за тендери, туку да се подобри продажбата на Мамас производите (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев преку изјава од собраниската говорница изјави дека министерот Венко Филипче и неговиот брат разговарале за подобрување на Мамас производите како и за ургенции за лековите.

-Разговараа со мојот брат тоа што секој ден го разговараат со граѓаните, помагајќи за подобра асистенција, да може некој подобро да биде прифатен, подобро да биде достапна услугата, да можат да се вградат повеќе можности за лицата со посебни потреби, да се најде начин за ортопедските помагала, тоа е нешто за што разговарале, вели Заев.

Тој додава дека можат да разговараат и за ајварот Мамас, немаат допирни точки, брат ми не е лекар.

-Разговарале затоа што допираат граѓани и замолуваат да се помогне и да влезат во програма кога и да е, јас сум и пријател и другар со моите министри од сите политички партии.