недела, 26. септември 2021. Вести денес: 67
home Вести

Венко Филипче „бутнат“ од Твитер- неговиот профил целосно е блокиран (ФОТО)

Венко Филипче „бутнат“ од Твитер- неговиот профил целосно е блокиран (ФОТО)

Социјалната мрежа Твитер целосно го блокираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче, поради „забележана необична активност“.

Профилот на Филипче на 16-ти минатиот месец беше ставен на рестрикција од страна на Твитер откако, наводно, ненамерно, при логирање бил внесен погрешен код за верификација.

Како што соопшти тогаш министерството за здравство, оваа активност за социјалниот медиум беше причина да го ограничи профилот.

Се до вчера, корисниците сѐ уште можеа да „влезат“ на профилот, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа, но од денеска министерот Филипче е „бутнат“ од Твитер.

Коронавирус