вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Вело Марковски со само едно прашање до Венко Филипче

Вело Марковски со само едно прашање до Венко Филипче

По изјавите на министерот за здравство Венко Филипче дека коронавирусот ќе се врател на есен, контра став изнесе инфектологот Вело Марковски.

Марковски за ТВ 21 вели дека никој не може да каже дали вирусот ќе се врати повторно на есен атие кои тврдат такво нешто треба да објаснат од каде го знаат тоа.

Тој вели дека вирусот може да се врати, но може да биде како и претходно или како изминативе години кога 10 или 30% од населението се заразува со коронавирус, но поминува како обична настинка.

Реалниот број на заразени со коронавирус може да биде 10 пати поголем од официјалниот број, додава Марковски , бидејќи многу случаи поминуваат и без симптоми.