недела, 15. септември 2019. Вести денес: 76
home Вести

Вељановски за Алоѓозовски: Одбивам да поверувам дека некој кој бил прв човек на Министерство за култура нема никакви естетски критериуми

Вељановски за Алоѓозовски: Одбивам да поверувам дека некој кој бил прв човек на Министерство за култура нема никакви естетски критериуми

Поранешниот директор на Драмски театар, Роберт Вељановски излезе со реакција откако поранешниот министер за култура, а сега национален координатор во овој дел, Роберт Алоѓозовски го нападна режисерот Јани Бојаџи.

Фејсбук статус на Роберт Вељановски: 

Националниот координатор, на нацијата што не ја признава, зашто заговара и поддржува промена на нејзиното име, по експлицитниот обид за цензура излегува со став дека е добро што нема цензура.
Ова значи две работи. Прво, дека се зборувало за цензура и второ, дека е добро што истата не е спроведена. Притоа, го насочува фокусот на опсервација на лична дискредитација на Јани Бојаџи.
Младичов, кој е жално пропаднат експонент на хунтата, ламентира за шурување со режим и повикува на јавна реска критика согласно неговите критериуми за она што е добро, а што не, што е уметничко дело, а што не. Се разбира, повикува на неговите партиски, а не естетски критериуми. Едноставно, одбивам да поверувам, дека некој кој бил прв човек на МК, без разлика на фактот што бил најлошиот министер во историјата на македонската држава, дека истиот нема никакви естетски критериуми.
А и експлицитен е повикот до администрацијата за зголемена диоптрија во предметот. Овој став го почитувам.
Затоа што немој некој да помисли дека,многу скоро, некој некому ќе му прогледа низ прсти за сите дела што ги направил!