четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Вељановски: Вработените во Универзална не зеле плата 2 месеца затоа што директорот си вработил сопартијци

Вељановски: Вработените во Универзална не зеле плата 2 месеца затоа што директорот си вработил сопартијци

„Вработените во Универзална не зеле плата 2 месеца, затоа што копитото од директор вработил 2-ца свои сопартијци без дозвола од Министерството за финансии. Од таму платите им ги враќаат, затоа што не им се совпаѓа пресметката“.

Ова го пишува актерот Роберт Вељановски на својот Фејсбук профил.

Еве што пишува тој:

Директорчето тера инает, не праќа нови пресметки без овие двајца и ги условува сите за да добие согласност за вработување на сопартијците од Министерство за финансии!
@CityofSkopje, фраерчиња навлечени на “И тебе сам сит кафано”, кои се гадат од “Бисер балкански” која не е IN за нивните скудни мозочиња, си тераат концерти на отворено на алтернативци за да им доделат 14 500 денари. Сите овие концерти се опслужени од луѓето на Универзална кои не зеле плата. Барем заштитна опрема поделете им!
Тоа е сѐ што треба да знаете за културата во Македонија за време на корона пантемијата!!!

Локални избори 2021