четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 79
home Вести

Велјановски: Во концепцијата на Царовска ниту еднаш не се спомнуваат зборовите етика и морал, јасна е намерата – исфрлување од настава на предметот Eтика на религии

Велјановски: Во концепцијата на Царовска ниту еднаш не се спомнуваат зборовите етика и морал, јасна е намерата – исфрлување од настава на предметот Eтика на религии

На денешната собраниска седница пратеникот од редовите н ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски, истакна дека министерката за образование има страв од етика и морал. Во концепцијата на Мила Царовска ниту еднаш не се спомнуваат зборовите етика и зборот религија.

-На прашањето што ми беше адресирано до министерката за образование Мила Царовска и се однесува на иднината на предметот етика на религиите, како и на иднината на наставниците кои го предаваат, добив одговор потпишан од министерката во кој нема конкретен одговор за овој предмет. Туку само вешто избрани зборови кои навестуваат како и зошто овој предмет нема да се избира во иднина. Прашањето извира од загриженоста на родителите и наставниците, поради тенденцијата на министерката Царовска да се исфрли овој предмет од настава. Сите знаеме дека изборните предмети не ги избираат учениците и нивните родители, туку тие се избор на министерката за образование и директорите на училиштата. Тие се огледало на политиките на Владата и на Министерството за образование, истакна од собраниската говорница Велјановски.

Етика на религиите е еден од тие изборни предмети и во разговор со засегнати лица рече тој, кои што добро ја анализирале концепцијата на реформата на основното образование, јасна е намерата во иднина овој предмет да биде исфрлен од настава.

-Имено, во концепцијата на Мила Царовска зборот етика и зборот религија не се употребени ниту еднаш. Ова поттикнува сомнеж за укинување на овој предмет, иако претставува предмет во кои децата учат за етиката и моралот на сите религии под еднакво. Кога веќе министерката во концепцијата се повикува на Декларацијата на Обединетите нации за правата на детето, не смее да го заборави членот 18 кој гласи: “Право на вероисповед на детето се почитува и родителите имаат право да го насочат во оваа смисла”. Токму поради ова сметам дека се одзема право на избор на родителите да ги насочат нивните деца кон она за кое што сметаат дека е правилно и добро. Не знам од каде извира стравот од изучување на моралот и етиката, изјави Велјановски.

И реформата на образованието е без анализа и претставува рушење на проектот “Бесплатни учебници”, рече Велјановски.

-Учебници ќе има само за децата од социјално загрозените семејства, кои што не можат да си дозволат електронски уреди. Зарем тоа не е дискриминација. Царовска го прави образованието недостижно за голем број на ученици, посочи пратеникот.

Коронавирус