сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 4
home Вести

Велјановски: Власта сака да го помине законот за попис кој остава простор за манипулација, а главен виновник за тоа е Зоран Заев

Велјановски: Власта сака да го помине законот за попис кој остава простор за манипулација, а главен виновник за тоа е Зоран Заев

Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на неговото денешно обраќање во Собранието зборуваше за Законот за попис каде посочи дека станува збор за еден лош закон, закон кој е контрадикторен и остава простор за манипулација.

-Трет ден од оваа говорница ги кажуваме аргументите, трет ден како разговараме за овој предлог на закон за попис и како опозиција сакаме да укажеме на фактот веднаш дека се работи реално за еден лош закон, закон кој што остава простор за манипулација, закон кој што е контрадикторен и трет ден апелираме од оваа говорница овој закон да се повлече, да се прати на доработка за да може да донесеме еден издржан закон за попис кој што ќе биде донесен со широк општествен и политички консензус, рече пратеникот.

Велјановски во своето обраќање укажа дека главен виновник што пописот наместо статистичка операција станува политичка операција е внатре коалиционен договор помеѓу СДСМ и ДУИ предводен од Зоран Заев.

-Денеска ја користам оваа прилика за да ги разјасниме манипулациите од страна на мнозинството, провладините медиуми и портали кои за жал одработуваат на штета на државните интереси. Прво главен виновник што пописот наместо статистичка операција станува политичка операција односно резултат на внатре коалиционен договор е владата на СДСМ и ДУИ на чело со Зоран Заев која преку ноќ одлучи на овој закон да му стави европско знаменце и спротивно на сите европски и демократски принципи да го деградира Собранието, да ја исклучи стручната јавност од расправата и максимално да го врати времето за суштинско расправа во Собранието. Така се создава чувството за недоверба кај мнозинството на граѓани особено кај македонскиот народ за тоа дали оваа влада подготвува еден фалсификат, кажа тој.

Пратеникот понатаму додаде дека пописот мора да биде спроведен согласно сите регулативи на ЕУ и Обединетите Нации, но и треба да биде резултат на широк општествен консензус.

-Пописот мора да биде спроведен сите регулативи на ЕУ и единствените принципи за спроведување на попис на Обединетите Нации, но исто така треба да биде резултат и на широк општествен консензус затоа што само така ќе има вистинска вредност за развој на Република Македонија. Едно е јасно консензус нема, има длабока политичка поделеност затоа што опозициониот блок во ова Собрание има суштински забелешки за овој предлог на законот, а исто така има голема поделеност и во стручната јавност која што во рамките на нивните можности даваат основани забелешки за тоа дека ваков закон за попис не треба да помине, вели пратеникот Велјановски.

Коронавирус