среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 189
home Вести

Велјановски: СДСМ и ДУИ ветија намалување на загаденоста за 50%, а добивме поголемо загадување и празна општинска каса

Велјановски: СДСМ и ДУИ ветија намалување на загаденоста за 50%, а добивме поголемо загадување и празна општинска каса

Состојбата со загадувањето на Тетово со воздухот од ден на ден станува се поаларамантна и позагрижувачка. Поминаа четири години откако СДСМ и ДУИ ветија намалување на загаденоста за 50%, а добивме и поголемо загадување но и празна општинска каса и нај задолжена општина во Македонија, ова денеска на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово го истакна Александар Велјановски.

-Граѓаните во Тетово буквално се гушат од загаден воздух со огромен број на канцерогени ПМ-10 честички и ПМ-2.5 честички. Загрижувачки е фактот што се уште сме на почеток на есента, а веќе 6 дена поред граѓаните дишат неколку пати позагаден воздух од дозволеното. Цели четири години Зоран Заев и Теута Арифи ништо не превземаа за да се подобри квалитетот на воздухот, а со тоа на граѓаните им се одзема основното човеково право за здрав живот во здрава околина. Константно се уништуваше зеленилото во градот и се градеа нови бетонски наслови. Профитот од истите одеше во џебот на соработниците на власта, но вистинската цена за истото оди на штета на здравјето на граѓаните, вели Велјановски.

Тој додава дека последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозни, опасни во време на пандемија кога секојдневно имаме десетици лица кои што се починати и неколку стотици заразени.
Граѓаните со право се загрижени за своето здравје и со целосно право бараат преземање на итни мерки за намалување на загадувањето.

-Наместо политичка реторики популизам време е за дела и акција. Време е да мислите и посветите внимание на граѓаните. Всушност тоа е и основната причина за менаџирање на општеството, подобар живот на граѓаните која за жал во вашето владеење никој ниту го виде, ниту го почувствува, вели Велјановски.

Коронавирус