петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Вести

Велјановски: Поради расипничкото и недомаќинско работење на локалните власти, општините се претворија во загубари

Велјановски: Поради расипничкото и недомаќинско работење на локалните власти, општините се претворија во загубари

Според мене ова законско решение е ненавремено и нема да ја постигне целта и малиот ефект кој што ќе го има ќе биде за жал злоупотребен од страна на градоначалниците кои што се на власт. Според процентите ова законско решение ќе овозможи дополнителни околу 2 милиони евра, значи на предвидените околу 34 вкупно 36 милиони евра кои што треба да се вратат на општините, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски на денешната собраниска говорница на која се дебатираше за Законот за финансирање на единица на локалната самоуправа.
Велјановски додаде дека општините наместо да бидат во сервис на граѓаните, се претвориле во загубари и тоа поради расипничкото и недомаќинско работење од страна на локалните власти, укажувајќи дека општина Тетово во моментот е најзадолжена општина со 9,8 милиони евра долг.

Општините наместо во сервис на граѓаните се претворија во загубар кои поради расипничкото и неконтролирано трошење на народни пари и не работењето на локалните власти значително влијаат на зголемувањето на вкупниот државен долг во Република Македонија. Само за информација 11 општини во континуитет се со блокирани сметки и едвај исплаќаат плати и режиски трошоци. Клучно за оваа точка е што направи централната власт во однос на зголемувањето на изворните приходи на општините? Сите бевме сведоци на големи предизборните ветувања во кои што се ветуваше дека локалните самоуправи ќе станат по самостојни понезависни, но за жал стануваат се поцентрализирани, истакна Велјановски.

Општина Тетово е една од општините која што е најзадолжена, односно во моментот е број еден задолжена општина со 9,8 милиони евра долг, рече тој.

Значи општина Тетово во која половина град нема вода за пиење, односно има големи рестрикции за вода должи 10 милиони евра без притоа да се сервисираат основните потреби на граѓаните, додаде тој.

Коронавирус