четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 110
home Вести

Велјановски: Неспособноста на владеењето на СДСМ директно влијае на зголемување на сиромаштијата во Македонија

Велјановски: Неспособноста на владеењето на СДСМ директно влијае на зголемување на сиромаштијата во Македонија

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски преку статус на Фејсбук пишува дека неспособноста на владеењето на сдсм, директно влијае на зголемување на сиромаштијата во Република Македонија.

-Грижата за народот, власта треба да ја спроведува институционално, а не со злоупотреба на институциите и моќта за политички цели.
Неспособноста на владеењето на сдсм, директно влијае на зголемување на сиромаштијата во Република Македонија која галопира со невидена брзина. За жал наместо да носат мерки против сиромаштијата, дел од функционерите на сдсм и власта вршат манипулации за купување на гласови со хуманитарна помош.
Деновиве, се позачестено можеме да забележиме лажни хуманитарни активности на партиски функционери на сдсм и на помалите коалициски партии кои се спроведуваат организирано, целно и опфаќаат дел од граѓаните од ранливите категории .
На пример, пред влезовите на поголемите супер маркети во Тетово, со списоци во рака, може да се забележат политичари од власта и нивни приврзаници кои плаќаат одреден износ за производите кои ги купуваат лица од социјално ранливите категории. Според информациите кои ги добивам се работи за класичен поткуп во кој се злоупотребува сиромаштијата во замена за гласови.
Друг пример се наводните хуманитарни акции кои се случија во Куманово, Струмица, Велес, Крива Паланка и.т.н. во кои од објавите, фотографиите и видео материјалите, можеше да се види како луѓето се злоупотребуваат, при што се врши кршење на законите и прописите кои важат во вонредна состојба, со што се загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните. Иако организаторите, лично, јавно, со име и презиме се идентификуваат на социјалните мрежи, а сведоците јасно укажуваат на манипулација со делење на донации, сепак до денеска немаме одговор од државата.
За жал институциите и јавното обвинителство и покрај доказите остануваат глуви и не преземаат никакви мерки за да се спречат вакви активности.
Се поставува прашањето дали се работи за хуманитарни акции или поткуп? Зошто се дозволуваат “тетратка” хуманитарни акции во кои се евидентираат со име и презиме, примателите на помош? Зошто во Куманово, според објавите на социјалните мрежи и “благодарение” на техничкиот премиер масовно по список се делеа вреќи со компири, брашно и пакети со зејтин на неколку часа пред затворање на градот?
Дали сдсм, Заев и Спасовски ќе покажат фискални сметки за полните камиони со производи кои наводно ги донираат хуманитарно?
Дали е нормално да се злоупотребуваат деца на високи партиски функционери на сдсм за партиски цели?
Зошто не се почитуваат насоките дадени од кризните штабови за делење на хуманитарната помош преку Црвениот Крст?
На крајот сакам да ве охрабрам, во случај на ваков или сличен поткуп, веднаш да ги пријавите лажните хуманитарци.
Да не дозволиме манипулации за добивање на политички поени, стои во неговиот пост на Фејсбук.

‼️Грижата за народот, власта треба да ја спроведува институционално, а не со злоупотреба на институциите и моќта за…

Gepostet von Александар Велјановски am Mittwoch, 8. April 2020

 

Коронавирус