понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Велјановски до Заев: Од собраниска говорница се заканувате на администрацијата и започнавте да бркате од работа неистомисленици

Велјановски до Заев: Од собраниска говорница се заканувате на администрацијата и започнавте да бркате од работа неистомисленици

Александар Велјановски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес се обрати на собраниската седница. При своето обраќање посочи дека за жал власта започна да дели откази на неистомисленици.

„Пред нас како пратеници на Собранието во Република Македонија ни беше доставен предлог за заменици министри предложени од страна на Зоран Заев. Исто така вчера бевме сведоци на можеби историски најкраткото експозе кое што сме имале прилика да го слушнеме“, појасни Велјановски.

Велјановски додаде дека Заев при образложување на биографии на заменици министри ја искористи приликата како на предизборен митинг да ветува проекти.

„Заев не заборави да се закани на администрацијата која е под силен политички мобинг како никогаш досега. Цитирам – „Со изострен фокус на промена на структурата, квалитетот и големината на администрацијата, ќе се посветам на истата“. Од тука прашувам дали останувате на ставот дека ќе ја намалите администрацијата на 20%. Односно дали ќе бркате од работа неистомисленици“, Велјановски го запраша Заев.

Велјановски рече дека за жал токму тоа се случува денес, се делеа откази, се делеа и неосновани прераспоредувања.

Коронавирус