вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Велјановски до СДСМ: Предлогот за измена на Законот за заразни болести го доставивте недопрецизиран и ви служеше како алатка за замајување на јавноста

Велјановски до СДСМ: Предлогот за измена на Законот за заразни болести го доставивте недопрецизиран и ви служеше како алатка за замајување на јавноста

На денешната седница на Комисијата за здравство во Собранието се обрати пратеникот Александар Велјановски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија. При своето обраќање посочи дека предлогот на владата за измена на Законот за заразни болести не е прецизиран, и нема мерки кои што предвидуваат подобра заштита на граѓаните од КОВИД-19. Очигледно е дека предлогот за дополнување на Законот за заразни болести единствено послужил на власта за замајување на јавноста.

– Денеска на оваа Комисија имаме можност да прокоментираме за новиот предлог за Законот за заразни болести, измена во овој закон. За жал овој предлог кој што беше доставен до нас, а во интерес на јавноста претставуваше еден предлог на текст во кој што не се предвидуваат мерки кои што денеска се поднесоа во делот на амандманите, појасни Велјановски.

Велјановски додаде дека помина период од две недели, во кој што опозицијата беше обвинувана дека кочи носење на закон во корист на граѓаните. Власта за да го сокрие својот неуспех кој што е очигледен, ја обвинуваше опозицијата дека е за се виновна. Неуспехот на власта го гледаат и граѓаните, залудно власта се вади преку опозицијата.

– Вие како власт предложивте предлог за измена на Законот кој што нема врска со денешниот. Затоа што денеска низ амандманите кои што ги предлагате сакате да го допрецизирате тој текст, а тој требаше да биде прецизиран уште пред две недели, и со тоа требаше сите заедно да изготвиме нов Закон за заразни болести кој што ќе биде во интерес на општото добро на јавното здравје на сите граѓани“, нагласи Велјановски.
Велјановски смета дека овој предлог на Закон многу вешто и послужи на власта да ја замајува јавноста дека некој е друг виновен за моменталната состојба.

Коронавирус