Собранието на Република Македонија не го одзеде имунитетот којшто го имам како пратеник. Тоа е принципиелна одлука. Стојам на располагање да се јавам на сите покани по предметот и да ги почитувам сите позитивни законски прописи, пишува пратеникот и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.
