понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 188
home Вести

Велјаноски до СДСМ: Пред нас имаме мегаломански нереален буџет, додека на улица за девет месеци имаме 52.000 граѓани

Велјаноски до СДСМ: Пред нас имаме мегаломански нереален буџет, додека на улица за девет месеци имаме 52.000 граѓани

„Предлог буџетот за 2021 година е предлог кој што е проектиран на 4.15 милијарди евра и е рекордно најголем буџет до сега. Се поставува веднаш прашањето зошто и која е потребата да се предлага мегаломански нереален и висок буџет со проекции за приходи и раст кои што се невозможни додека сите во Република Македонија па дури и малите деца знаат дека со оваа неспособна влада Македонија е во колапс“, нагласи Александар Велјаноски од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на собраниска седница за буџет.

Велјаноски додаде дека нема доволно приходи во стопанството, странските инвестиции го допреа дното, нема зголемен број на население, пандемијата галопира и најлоши сме во регионот, а богами и во светот. А, сепак власта се дрзнува да го зголеми буџетот.

„Македонија денес официјално се наоѓа во рецесија. Според Извештајот на Светска Банка трговијата, туризмот и транспортот што го движат растот во последниве неколку години заедно се намалени за 12.3%. Туризмот едноставно запре, производството е намалено за 16.1% за една година. Странските инвестиции се намалени за 18.8%, а ставката за невработеност е зголемена за 16.7%. Според АВРМ годинава имаме нови 52.000 нови, невработени за само девет месеци“, истакна Велјаноски.

Велјаноски посочи дека поради власта Македонија се наоѓа во должничко ропство со енормен долг од 6.5 милијарди евра или нов долг од 2 милијарди евра за три години.

„Ова е резултат на коруптивноста и на неспособноста и на лошите политики кои што ги води оваа Влада. Според Светската банка приоритети на Владата треба да бидат справување со нискиот и се помалиот човечки капитал во Република Македонија. А, од 4 милијарди евра Буџет за едукација на здравствениот персонал кој што се справува со пандемијата се превидени 0.6 милиони евра или 600.000 евра. Што е премалку за тоа што го заслужуваат и што би требало да го добијат од аспект на обука на нашите почитувани здравствени работници“, рече Велјаноски.

Велјаноски истакна дека Светска банка има забелешки на политиките на конкурентност. Судскиот систем е заглавен во лавиринтите и под политички диктат на власта и Зоран Заев.

Најнови вести

Локални избори 2021