среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Вести

Велимир Смилевски призна дека неговите најблиски соработници претепале вработен во општината

Велимир Смилевски призна дека неговите најблиски соработници претепале вработен во општината

Инцидентот кој пред три дена се случил на улицата „Бутелска“ во близина на општинската зграда во Бутел, нема врска ниту со мене ниту со Општината, вели за Плусинфо, градоначалникот Велимир Смилевски.

Првичната вест за инцидентот излезе од дневниот билтен на МВР, каде беше наведено дека 51-годишен маж, со иницијали А.Т., во полициска станица пријавил дека бил нападнат од А.Н., Д.М. и уште едно лице. Потаму приказната за овој инцидент беше надградена со повеќе детали на социјалните мрежи и на дел од порталите, при што се посочуваше дека насилничката група била предводена од личниот телохранител на градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, како и дека тој лично реагирал кај командир во полициска станица со цел случајот да не добие разрешница.

Во разговор за Плусинфо, градоначалникот раскажа дека ги познава и двајцата, и нападнатиот и тој за кој се тврди дека е негов близок човек, но демантира дека станува збор за негов телохранител.

– Ги знам и двете лица кои се посочуваат. Колку што сум запознаен, тоа не е прв инцидент меѓу нив двајцата, тие имаа инцидент и пред неколку месеци, кога сега нападнатиот го нападна по другиот. Тие имаат свои лични конфликти и инцидентот ниту е поврзан со мене ниту со Општината. Ниту пак едно од тие лица ми е телохранител – вели за Плусинфо, градоначалникот Смилевски.