среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Величковски: Свиркачите и новинарите што истражуваат се позитивци, а не негативци

Величковски: Свиркачите и новинарите што истражуваат се позитивци, а не негативци

Влегувањето во последната фаза на Владата пред заминување започна. „Новитетите“ на СДСМ не дадоа имиџ на освежување, туку на победа на внатре-владиното бизнис-лоби контра реал-програмските приоритети од 2016.

Ова на свој ФБ профил го пишува Ивон Величковски, иницијатор на Движењето за Нова република.

Обидот на Заев падот да се ублажи со закани кон новинарите ќе доживее ист дебакл како и обидите на Груевски пред да добие „технички“ наследник. Едноставно е-посочените дека знаеле за „Рекет“-молчат. И со тоа заклучокот е јасен.

Барањето на американската амбасада е само следствена порака од писмото на Бејли од 18 декември 2018 и ставот на Палмер од 2 август.

„Ако не можеш по магарето, удри по самарот“ веќе не минува. Свиркачите и новинарите што истражуваат и информираат без искривување на реалноста се позитивци, а не негативци. Тоа што важеше во 2015, важи и денес и ќе важи и во 2025. На жалење на Заев, СДСМ и нивните медиумски мегафони и пи-арџии. И на секој што ќе сака да продолжи со таква „политика“, пишува Величковски.