понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 20
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Велешкиот градоначалник негативен на Ковид-19

Велешкиот градоначалник негативен на Ковид-19

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, на својот Фејсбук профил објави дека тој е негативен на Ковид-19.

Освен градоначалникот негативни се резултатите од тестовите и на неговата сопруга д-р Билјана Коцевска како и на нивните деца.

Драги фб пријателки и пријатели, Ве известувам дека според резултатите од земените примероци за корона вирусот и јас и членовите на моето семејство се негативни. Ви благодарам за вниманието, грижата и за големата поддршка. Посакувам и резултатите на сите други да бидат негативни. Вам и на Вашите најмили ви посакувам добро здравје. Ќе помине и ова. Чувајте се. Со почит, напиша Коцевски.

Коронавирус