четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

Велешанка се породила во такси во дворот на велешката болница

Велешанка се породила во такси во дворот на велешката болница

Жена се породила во такси возило во дворот на велешката Болница. Оттаму велат дека бебето е здраво и живо заедно со мајката.

Породувањето се случило утринава пред седум часот, а сведоци на настанот биле вработените кои доаѓале на работа. Една од нив била прва која притрчала на помош.

Таксистот ја отвори вратата од автомобилот и кажа дека жена се породува, по што една од медицинските сестри од детско, веднаш притрча, помагаше, дојдоа и сестри од Акушерско одделение и жената се породи во колата – вели сведок на несекојдневното породување.

Од Општа Болница Велес информираат дека ова е второ дете за мајката.

Утрово во такси возило пресечена е папочна врска на жена родилка и бебе. Породувањето го извршиле две акушерки и сестра од детско одделение. Бебето е машко, тешко 3,2 кг долго 50см. И мајката и бебето се згрижени на акушерско одделение и се во добра здравствена состојба – соопшти портпаролот д-р Весна Николовска Неделкова.

Коронавирус