недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 35
home Вести

Вечерва нестабилно време со пороен дожд и грмежи, од понеделник значителна промена

Вечерва нестабилно време со пороен дожд и грмежи, од понеделник значителна промена

Времето денеска и во ноќните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд кој може да надмина 25 литри на квадратен метар, електрични празнења и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до 23 степени.

Од УХМР информираат дека најмногу дожд до 8:00 часот изутрината наврнало во Виница 18 л/м, во Тетово 15, во Крива Паланка 12, во Пожаране 7, во Берово 4, во Тополчани, Ѓуриште и Штип 3, во Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и  Куманово еден литар на метар квадратен.

Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, во западните делови со засилен западен ветер. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира и во следните денови ќе биде стабилно со значителен пораст на дневната температура.

Коронавирус