недела, 11. април 2021. Вести денес: 101
home Вести

Вечерва најзагаден воздух дишат битолчани, или 6 пати повеќе од дозволеното

Вечерва најзагаден воздух дишат битолчани, или 6 пати повеќе од дозволеното

Мерните станици и вечерва измериле високо загадување на воздухот во Македонија.

Според податоците, вечерва најазагена општина е Битола каде што се измерени 298 ПМ 10 честички на метар кубен или скоро над 6 пати повеќе од дозволеното ниво.

Веднаш е општина Кавадарци која изминатите неколку денови не само што е прва општина кога станува збор за загаден воздух, туку е и жариште на корона вирус и општина со зголемен број на случаи од британскиот сој. Имено, вечерва во Кавадарци се измерени 293 ПМ 10честички на метар кубен.

Понатаму, во Велес се измерени 239 ПМ 10 честички на метар кубен, додека во општина Куманово со измерени 226 ПМ 10 честички на метар кубен.

Коронавирус