вторник, 28. март 2023. Вести денес: 112
home Вести

Вечерва ќе се исполни предвидувањето на метеоролозите: Еве каде е предвидено да врне снег! (ФОТО)

Вечерва ќе се исполни предвидувањето на метеоролозите: Еве каде е предвидено да врне снег! (ФОТО)

Метеоролозите за вечерва најавуваат дожд на пониските места низ земјава, но исто така и снег на повисоките планини ширум Македонија.

Во овие моменти дожд врне во повеќе градови низ земјава како и Скопје, додека снег се очекува да врне на повисоките места и планини.

Во овие моменти во зимскиот ски центар Маврово се уште нема снег, но предвидувањата се дека вечерва и таму ќе врне снег, додека на Попова Шапка снег денеска врне во текот на целиот ден.

Утре времето ќе биде претежно облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, особено претпладне.

Преодно стабилизирање ќе има в четврток, а во петок кон крајот на денот и во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег, стои во прогнозата на УХМР.

Минимални температури до минус три степени се очекуваат в четврток и в петок, а дневните ќе се искачат до 11 односно 13 степени.

loading...