недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 89
home Вести

Вечерва физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз

Вечерва физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз

Вечерва околу 19:30 пред поликлиниката Чаир е физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз, сведочат очевидци за ВЕЧЕР.

Причините за нападот, засега, не ни се познати, а Агим Јонуз пишува колумни во порталот Вечер и е критички настроен кон актуеланата власт.

-Според очевидците, Агим Јонуз сам се одбранил од напаѓачите така што едниот е неутрализиран од негова страна, а другиот потоа избегал од местото на настанот. Случајот не е пријавен во МВР затоа што “таквите работи се решавале според чаирски правила“, велат очевидците на настанот.

Очекуваме повеќе детали во текот на утрешниот ден лично од Агим Јонуз, пишува Вечер.

Коронавирус