среда, 3. март 2021. Вести денес: 95
home Вести

ВЕЧЕРВА ДОЖД И СНЕГ- се очекува и голем пад на температурите, еве ја деталната временска прогноза

ВЕЧЕРВА ДОЖД И СНЕГ- се очекува и голем пад на температурите, еве ја деталната временска прогноза

Од вечерва се најавува дестабилизација на времето со врнежи кои ќе бидат пообилни во западните делови од државата, каде се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.

На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка ќе се зголеми, а поради силниот ветер можна и појава на снежни наноси.

Врнежи ќе има и во текот на утрешниот ден кога во попладневните часови се очекува снег и на повеќето пониски места, но тие ќе слабеат по интензитет. Од утре попладне и в среда ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло опаѓање на температурите. Поради силниот ветер можна е повторно појава на снежни наноси.

В среда на места се уште ќе провејува снег, а в четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето.

Најнови вести

Коронавирус