среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Вечер: Заев нарачува, обвинител извршува: По бизнисмените и судиите, новинарите се на удар!

Вечер: Заев нарачува, обвинител извршува: По бизнисмените и судиите, новинарите се на удар!

Од рекетите и тендерите кои се доделуваа на компании на фамилијата Заеви и нивни деловни партнери настрадаа стотици фирми низ Македонија, Обвинителството, почнувајќи од СЈО па се до Јавното онбвинителство како и судовите се под контрола и постојани притисоци на владата и Зоран Заев што се спроведува не само низ заднински договарања туку и јавно, преку постојани закани до судиите кои не судат согласно потребите на СДСМ и Заев, па така освен бизнис секторот владата на СДСМ на секој начин го контролира и обвинителско-судскиот систем. Ова се докажува и низ судењата за случајот Рекет како и објавените телефонски разговори на поранешниот премиер Заев и сведочењата за неговите нарачки до Судскиот совет и Врховниот суд, анализира Вечер.

Медимуите не се исклучок. Како сектор кој има битно влијание врз јавноста и политичкото расположение на граѓаните медиумите се под постојан притисок на Заев, владата и СДСМ. Од доаѓањето на СДСМ на власт затворен е најголемиот медиумски систем во Македонија, МПМ, кој беше издавач на весниците Дневник, Вест и Утрински и главен дистрибутер на весници низ Македонија, по што над 100 новинари и фоторепортери останаа без работа.

Целата анализа на Вечер можете да ја прочитате ТУКА.

Коронавирус