понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 101
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„ВЕЧЕР“: Заев и Дескоска најавуваат ревизија на правната држава и корупција на партиите

„ВЕЧЕР“: Заев и Дескоска најавуваат ревизија на правната држава и корупција на партиите

Мерките кои ги нареди шефот на СДСМ, Зоран Заев како обврска на владата да се земат пари од платите на администрацијата и да се делат по 14.500 денари на фирми на кои им е наредено да запрат со својата работа јавноста ја прими со големо негодување и нападите на оваа најава на социјалните мрежи се масовни, анализира ВЕЧЕР.

-Помеѓу остантото, од правен аспект тоа е незаконски затоа што со законот кој се однесува на работните односи на вработените им е гарантирана 50% од платата во случај на вонредни околности, и не е можно платите на универзитетски професори, наставници, судии, уметници, менаџери и вработени во јавни претпријатиа или агенции, секаде каде е некој вработен во јавниот сектор да се одземе од нивните плати и да им се даде минималец од 14.500 денари за тие пари да се исплатат на сметки на приватни фирми. Во демократско и пазарно општество никој, никогаш не може да земе приватни пари од некого без негова согласност и да ги даде на друг. Денес вие земате од друг, утре се е можно за секого.Тоа е време на најтврдиот комунизам, анализира ВЕЧЕР.

Обврската на државата да плати штета на приватните фирми од областа на транспортот, угостителството, трговијата и туризмот, сектори кои се најмногу погодени од наредбата на владата за прекин на нивната работа, треба да се плати од буџетот за што постојат наменски средства за вакви прилики.

-Зошто владата тие буџетски пари би ги сочувала за себе, а би натоварила на грбот на административците да платат од свој џеб за штета која настанала заради владина наредба со која тие немаат никаква врска, ниту некој ги прашал дали сакаат свои пари да загубат за владата да одбегне плаќање од буџетска сметка. Тие луѓе плаќаат даноци и придонеси за буџетот. Без оглед на вонредната состојба, законите постојат и мора да се почитуваат. Вонредната состојба не е тука за ревизија на правната држава каде законот е над се, туку само за мерки околу епидемијата, пишува порталот.

Целата анализа прочитајте ја на ВЕЧЕР

 

Коронавирус