петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Вечер“: Валкана политика во напнати времиња, со кои пари СДСМ ќе се финансира и ќе оди на избори ако се укине законскиот извор?

„Вечер“: Валкана политика во напнати времиња, со кои пари СДСМ ќе се финансира и ќе оди на избори ако се укине законскиот извор?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, императивно бара од владата да го суспендира законот со кој државата врши исплата на најголемите партии за нивното годишно работење. Тоа е формат за плаќање кој беше воведен за партиите да немаат скриени донатори меѓу олигарсите кои, потоа, кога партијата ќе има власт бараат низ корупција донаторството да им се врати со неколкукратна камата и заработка. Закон за да се спречи корупција на партиите кој сега Зоран Заев сака да го поништи со владина одлука, анализира „Вечер“.

-Со оваа мерка СДСМ и владата, доколку одлучи така, дефинитивно се враќаат на стариот коруптивен систем за финансирање на партиите кој беше критикуван од ЕУ и САД и заради што и беше донесен законот каде државата финансира основно работење на партиите, а тајните донаторства се забрануваат и остро казнуваат.

Зад оваа коруптивна одлука на СДСМ се кријат повеќе причини, а се пласираат како пропаганда дека тие пари ќе се употребеле за стопанството како санирање на штети од епидемијата за да се добие поддршка од јавноста. Според министерството за финансии за санација на штетите се потребни 600-700 милиони евра, а според СДСМ и Зоран Заев потребни се двојно повеќе, 1,2 милијарди евра кои владата треба да ги земе како кредит! За што мислат да ги наменат и потрошат во СДСМ тие екстра 500 милиони евра кредити знаат само тие.

Партиите годишно од државата добиваат, сите заедно, околу 4,5 милиони евра или износ кој е само 0,6% од она што владата планира дека е потребно за економска санација од епидемијата, или 0,33% од милијардата на Заев. Дали е тоа износ кој решава некој проблем, секако – не, се наведува во анализата.

„Вечер“ анализира дека со ова се прават многу проблеми.

-Прво, од што ќе плаќаат влијателните партии, оние во собарнието, трошоци за работење, вработени, кирии, активности и режиски трошоци?

Од кои пари ќе се подготвуваат за избори кои следат годинава какви и да се, редовни или вонредни. Со закон се забранети поголеми донации што значи дека легални пари не ни можат да најдат, и им преостанува само да имаат нелегални приходи ако сакаат да опстанат, и да ризкуваат кривични постапки.

Единствени кои можат да најдат пари иако би им се укинало државното финансирање се СДСМ и ДУИ. Тиа имаат на располагање буџет од 4 милијарди евра и сега најавени нови задолжувања од една милијарда евра. Во 5 милијарди евра со познатите фондови и тендерски постапки на власта никаков проблем не е десетина-петнаесет милиони евра да се слеат кај партиите на валст кои богато ќе живеат и само тие ќе имаат пари за избори.

Со ова и битно би се влијаело на изборните резултати кога СДСМ ќе се појави на избори со десетина милиони евра а ВМРО ДПМНЕ ќе се бори без пари, без вистинска кампања и со долгови на врат. Тоа е и целта на Заев, СДСМ да излезат на избори допингувани со буџетски десетина милиони евра од кои има и за кампања, и за купување гласови и за плаќање пропаганда по нивните медиуми и невладини органзиации, пишува „Вечер“.

-За тоа веќе се подготвуваат, па нивните мали коалициони партнери како ДОМ ќе се согласат со предлогот на СДСМ што и не е чудно, тие се безначајна партија која не ни добива државни финансии, а СДСМ за поддршката ќе знае финансиски да им се оддолжи.

Фондот за иновации, како еден од генераторите на тајно финансирање на СДСМ, нивните медиуми и невладини организации, троши годишно околу 15-20 милиони евра но, никој во СДСМ и владата не ни помислува да ја затвори нивната сметка и парите да ги употреби за санација на стопанството после епидемијата.

Само во министерството за култура има 4 милиони евра за проекти кои, тоа веќе го гледаме, се користат за партиски активисти. Ни тој извор владата нема намера да го затвори и пренасочи.  СДСМ нема намера да побара финансиска донација од барем 4-5 милиони евра од своте олигарси.

Колку пари ќе донираат за санација на кризата фирмите на фамилијата Заеви? Колку ќе донираат тие што земаа по пет до десетина милиони евра годишно од тендерите на владата како битолските фирми кои поделија над 120 милиони евра само од тенедери на РЕК Битола за овие три години. Колку ќе донираат Пуцко петрол, фирмите на Кочо Анѓушев или финансиерите на телевизијата 1ТВ на Боки 13 за чија донација, видовме во случаите Рекет, владата знаела и ја поддржувала., пишува „Вечер„.

ВМРО ДПМНЕ засега го спречи Заев во намерата за намалување на платите на државната администрација и побара сите околу 2.000 функционери, управни одбори и директори на СДСМ и ДУИ да се откажат од платите на своите мандати и парите да се донираат во фонд за надомест на штетите од епидемијата а тоа се само, за овие лица 2 милиони евра нето месечно, или 20 милиони евра само за оваа 2020 година.

СДСМ го одби ова и одби начин како да се соберат дури 20 милиони евра, а да не се зема од вработените во државава туку од нивните функционери со плати над 1.000 евра кои не се на функции избрани со конкурс, туку со партиско именување.

-Зоран Заев во својот кабинет како премоиер донесе 53 советници за кои владата со персоналец плаќа над 50.000 евра секој месец, или до крајот на годинава на Љубе Бошкоски, Цацко Конопишки, Цветанка Ласкова и другите ќе им се исплатат над 500.000 евра пари за советување во време кога нивните совети ни порано, а особено сега, никому не се потребни.

Оваа мерка на СДСМ е узурпација на правото партиите да настапат на избори равноправно, како што им гарантира законот и уставот на Македонија, и обид да се дојде до власт насилно, со злоупотреба на моќта за време на вонредна состојба и без победа во равноправни избори.

На крајот се постаува прашањето: ако СДСМ не се финансира од пари кои се законски предвидени, од буџетот, од кои пари СДСМ ќе се финансира во иднина, особено за изборите годинава? Остануваат само црните пари од буџетот, а тоа е повторно ист (буџетски) извор како и сега но, ќе биде достапен само за СДСМ и ДУИ, партии кои се во власта и имаат контрола над буџетот, се наведува во анализата.

ИЗВОР: ВЕЧЕР

Коронавирус