недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 49
home Вести

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Во ташната во која Боки примил милион евра рекет ИМАЛО ВГРАДЕН ЏИПИЕС!

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Во ташната во која Боки примил милион евра рекет ИМАЛО ВГРАДЕН ЏИПИЕС!

Vecer.mk веќе објави свои сознанија од свои извори за снимката која е правена при примопредавање на еден милион евра во кеш од страна на рекетираниот бизнисмен во рацете на Бојан Јовановски (Боки 13) при што на телефонска врска, преку спикерфон, на овој настан присустувала и тонски учествуивала и шефицата на СЈО Катица Јанева.

Во еден момент бизнименот му зборува на Боки и обвинителката која учествува преку спикерфон дека парите не ги дава “сељачки“ во кеса туку во торба од убавите… Вечер дознава дека таа торба “од убавите“ била специјално спремена и опремена од разузнавачка служба на пријателска држава така што во торбата бил вграден ЏиПиЕс уред преку кој лесно, потоа, е следен патот на торбата со пари каде таа завршува. Дека имало ЏиПиЕс ни е потврдено, а претпоставуваме дека имало и прислушен уред поврзан со разузнавачката служба. Според крајната локација Боки, дефинитивно, имал моќни соработници во целата операција.

Разузнавачите кои ја планирале акцијата биле сигурни дека карактерот, навиките и лажната самоувереност на Боки ќе бидат пресудни да наседне на скапиот подарок, “ташна од убавите“ во која ги добива парите без да размислува што и како може да се вгради во таа ташна и да служи против него во иднина.

Јавното обвинителство кое го води случајот Рекет потврди дека постои заеднички разговор помеѓу рекетираниот бизнисмен, Боки и обвинителка која во средбата учествувала и зборувала преку телефонски спикерфон.

Најнови вести

Коронавирус