четврток, 5. август 2021. Вести денес: 149
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ – НУК направи посебен регистар за угостителите за организирање прослави

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ – НУК направи посебен регистар за угостителите за организирање прослави

Додека Владата и другите институции не изнајдат или објават дополнителни законски решенија или промена на протоколите за прослави и свадби, Независната угостителска комора (НУК) за сите угостители изготви посебен регистер за нив, на кој тие можат бесплатно да се регистрираат и да пријават прослави, соопштуваат од НУК. Тој е објавен на 1 јуни во Службен Весник број, како Прилог бр. 78.

– Со цел да излеземе во пресрет на сите телефонски повици и дописи за потребата на угостителите да ги регистрираат и пријават прославите кои ги организираат во своите објекти и да им овозможиме институционално да можат да ги исполнат сите точки од протоколите за организација, НУК формираше сопствен регистар за свадби/прослави и веселби за сите угостители и угостителски објекти, како и државни институции, комори, здруженија, соопштуваат од НУК. Дополнуваат дека е тоа без дополнителен надомест, според барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби/прослави и останати веселби.

Целта е да се избегнат недоразбирања кои би можеле да настанат со инспекторите во случај на контрола за време на организација на прослава, како и да се евидентираат и разликуваат присутните, кои не се гости, а се ангажирани лица и фирми за реализација на прославата. Со пријава во регистарот угостителите ги надминуваат ситуациите да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од ДПИ, заради непочитување на точка 7 од протоколите.

За секоја пријава во рок од 24 часа, угостителите ќе добијат уредна електронска потврда дека согласно точка 7 извршиле пријава и регистрација во „угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби”.

Од НУК соопштуваат дека, само за овој викенд, од донесувањето на првите протоколи за организирање на свадби/прослави и веселби, низ Македонија се организираа или е во тек организација на повеќе од 100-тина свадби, веселби, родендени и останати прослави.

20210602_PrijavaNaProslava-NUK_Regidtar

Коронавирус