понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 156
home Вести

Важна информација за сите кои што патуваат за Германија – воведен е задолжителен карантин!

Важна информација за сите кои што патуваат за Германија – воведен е задолжителен карантин!

Сите лица што престојувале во ризична област десет дена пред влезот во Германија, мора начелно да одат во карантин откако ќе влезат во оваа држава, објави на Фејсбук Германската амбасада во Скопје, посочувајќи дека ова важи и за оние што пристигнуваат од Северна Македонија, бидејќи земјава моментно е назначена како „ризично подрачје со особено голем ризик на инфекција од Ковид-19“.

Амбасадата додава дека оваа обвска за карантин важи независно од државјанството, а изземени се само патници кои транзитираат со автомобил или авион.

– Сите лица се дополнително обврзани најмногу 48 часа пред влезот да направат Ковид-тест, чиј резултат треба да го носат со себе на хартија или како електронски документ на германски, англиски или француски јазик и во рок од десет дена по влезот и веднаш да и го приложат на надлежната служба по барање, а пред да тргнат на пат да се пријават на веб-страната www.einreiseanmeldung.de, сенаведува во објавата на Амбасадата.

Од Амбасадата додаваат дека само ако не е можно дигитално пријавување за влез, може да се приложи известување во писмена форма како замена за него, но патниците мора да носат со себе испечатена потврда од нивната пријава.(МИА)

Коронавирус