четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 136
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Важна информација за пензионерите во врска со пензиите

Важна информација за пензионерите во врска со пензиите
фото илустрација

Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат веќе од утре – петок, 26 јуни 2020 година

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на јунските пензии.

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во утре – петок, 26 јуни 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, како што е соопштено и овојпат ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

-во петок, 26 јуни – пензии во висина до 11.000 денари;

-во понеделник, 29 јуни – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

-во вторник, 30 јуни – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

-во среда, 1 јули – пензии во висина над 18.000 денари.

Ги молиме клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите.

Сите банки преземаат активности за при готовинската исплата на пензиите да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето. Потсетуваме дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките и препораките.

Коронавирус