сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 7
home Вести

Василевски: Златко Марин ја продолжува праксата на неговата матична партија СДСМ за незаконско назначување и именување на партиски функционери

Василевски: Златко Марин ја продолжува праксата на неговата матична партија СДСМ за незаконско назначување и именување на партиски функционери

Градоначалникот на СДСМ во Аеродром, Златко Марин се однесува несериозно кон образовните институции каде што учат децата на нашите граѓани. Согласно информациите кои ги дознавме, градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин именувал нов ВД Директор на ОУ „Александар Македонски“ спротивно на условите пропишани во Законот за основното образование, истакна Васко Василевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, согласно одредбите од Законот за основното образование, за именување на лице кое ќе ја врши функцијата ВД Директор на основно училиште, потребно е покрај останатите услови директорот да има и пет години работно искуство во воспитно-образовната работа. Па затоа, јавно го прашуваме градоначалникот на општина Аеродорм и новоименуваниот ВД Директор на основното училиште „Александар Македонски“ – Марија Калешов, дали го исполнува условот од 5 години работно искуство во воспитно-образовната работа?
Очигледно Златко Марин ја продолжува праксата на неговата матична партија СДСМ за незаконско назначување и именување на партиски функционери, притоа не земајќи ја во предвид нивната стручност и компетентност, туку единствен незаконски критериум за одредено лице да биде избрано е истото лице да биде член на СДСМ, потенцираше Василевски и додаде:

„Го повикуваме Државниот просветен инспекторат согласно своите надлежности, во најбрз можен рок да ја преиспита одлуката на Златко Марин за именување на ВД Директор на споменатото основно училиште и да ги информира родителите во чии раце се оставени нивните деца, од причина што образованието на најмладите не е поле каде што може да се експериментира, туку кадрите кои се поставуваат мора да бидат стручни и компетентни, се со цел да се избегнат посериозни последици во воспитно – образовниот процес.
Златко Марин својата работа, а уште помалку развојот на најмладите, воопшто не ги сфаќа сериозно. За жал наместо да дебатираме за крупни проекти на општината и за граѓаните, ние мораме да ги информираме родителите и граѓаните во какви раце ги оставаат нивните деца“.

Коронавирус