петок, 30. септември 2022. Вести денес: 131
home Вести

Василевски: Златко Марин и неговата администрација признаа дека незаконски поставиле директорка во „Александар Македонски“, надлежните да направат ревизија

Василевски: Златко Марин и неговата администрација признаа дека незаконски поставиле директорка во „Александар Македонски“, надлежните да направат ревизија

Златко Марин и неговата администрација конечно вчера се одважија да признаат дека Марија Калешов е незаконски поставена директорка во училиштето „Александар Македонски“. Им честитаме за чинот! Со самото тоа што признаа дека е вработена од самото пуштање во употреба на училиштето во септември 2013, тие впрочем потврдија дека сега именуваната директорка нема 5 години работно искуство во наставно-образовниот систем и со тоа не ги исполнува условите за да раководи со училиштето, истакна Васко Василевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова именување на директорка на основно училиште која не ги исполнува условите да раководи со образовна институција во која учат стотици малолетни деца, е сериозен предмет кој би требало да биде разгледан од страна на државниот инспекторат за образование. Ги повикуваме надлежните органи да направат ревизија на именувањето на актуелната директорка, да го истражат детално случајот и веднаш потоа да се произнесат дали Марија Калешов ги исполнува условите да директорува со установа во која учат нашите малолетни деца, истакна Василевски и додаде:

„Ова е класичен пример на именување и назначување на партиски послушници од страна на Златко Марин и СДСМ. Ваквиот начин на раководење со власта им е добро познат на граѓаните. Родителите на децата кои учат во училиштето заслужуваат одговор од надлежните органи“.

Коронавирус