недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Заев преку Ало- Ало ја крои судбината на граѓаните, тоа е понижување

Василевска: Заев преку Ало- Ало ја крои судбината на граѓаните, тоа е понижување

Оваа нелегитимна влада донесе низа на неуставни, противзаконски и противдржавни акти и истите се обидува на насилен начин преку манипулација на македонските граѓани преку злоупотреба на системот на насилие и друг тип на манипулации да дојде до практично уништување на македонската државотворна сила, а тоа е пред се Уставот на Република Македонија, а потоа и законите кои јасно ги уредуваат кои надлежности ги има Претседателот на Република Македонија, вели универзитетски професор и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска во денешното гостување во емисијата „Алфаплус“ на ТВ Алфа.

Василевска потенцираше дека сегашниот премиер на владата Зоран Заев преку телефонски разговори ја крои судбината на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.

Замислете ние денеска живееме во држава каде што таканаречениот премиер на владата Зоран Заев на Ало – Ало диктира судски пресуди, на Ало – Ало ветува брда и долина. На Ало – ало ја лаже и меѓународната заедница, рече таа.

Василевска додаде дека доколку СДСМ е толку самоуверена партија и ја претставува волјата на граѓаните, ги повика да излезат на предвремени парламентарни избори со една точка во политичките програми а тоа е дали се ЗА промена на уставното име на Република Македонија.

Според нејзе крвавиот четврток кој се случи во Собранието е исцениран настан, каде што сакало да се прикаже дека бранењето и сакањето на татковината е лоша навика на граѓаните. Таа нагласи дека притворените лица се лица кои се патриоти и кои единствено што сакале и барале е да не се дозволи да се прави во државата нешто што не е замисливо, ниту пак познато во некоја држава.

Коронавирус