вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 29
home Вести

Василевска за случувањата во Собранието: Ова е срамно, ова е долно, ова е за презир и е голем срам!

Василевска за случувањата во Собранието: Ова е срамно, ова е долно, ова е за презир и е голем срам!

Насилието кое се спроведува во македонското Собрание е сѐ со цел да се исполни скандалозната купопродажба која на шверцерски начин треба во понеделник да му донесе на Макпетрол 32.773.905 евра, наместо реалната цена која изнесува 18.806.250,00 евра, напиша на својот Фејсбук профил пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.

-Ова е бољшевичко-стаљинистичко Собрание, кое не ги одразува либералните и демократските вредности кои се декларирани уште на почетокот на плуралноста. Ова е криминал и скандалозен предлог-закон кој на владеачкото мнозинство му се става на товар. Ова решение е со тешка кривична основаност и преку преносот на колективното се прикриваат вистинските нарачатели и консументи-апаши на народните пари. Талат Џафери го тероризира Собранието и го уништува нашиот демократски и народен дух со своите инструментализирани постапки. Ова е нова етапа на пеколниот обрач кој го стегаат врз македонскиот народ и македонските граѓани. Ова е срамно, ова е долно, ова е за презир и е голем срам!, додава Василевска.

Коронавирус