среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 180
home Вести

Василевска: СДСМ не враќа на транзицијата и ги оживува олигарсите

Василевска: СДСМ не враќа на транзицијата и ги оживува олигарсите

Деновиве, Социјалдемократскиот сојуз повторно не потсети како и кој ги создаде олигарсите и мачната транзиција во Република Македонија. Како и во текот на ‘90тите години, од минатиот век и денес сме соочени со нивниот „претприемнички грабеж“ и со анималниот инстинкт да се граба и да се печали на грбот на чесните граѓани.

Во услови на глобална пандемија, во која една по една паѓаат големите економии, а светот е на прагот на светска рецесија, владата на СДС и нивниот лидер Зоран Заев, преку своите послушници направија потег со кој докажаа за чии интереси и со која цел се бореа и нечесно се дограбија до извршната власт.

Наместо правда и просперитет, СДС ни донесе чемер, очај и длабока економска криза, од која единствено спечалија, а гледаме дека и понатаму печалат само оние кои со измама и со сомнителни потези го разграбаа општествениот имот и ја закочија Македонија уште во првата деценија од нејзиното осамостојување.

Затоа, со сета почит кон оние кои искрено веруваат и ги носат идеолошките левичарски идеали, но, врхушката на СДС и нејзиниот естаблишмент не се ништо друго освен сериозно злосторничко здружение кое единствено е заинтересирно само за личниот интерес, воедно застапувајќи го и интересот на оние кои беспоштедно ја раскостија македонската економија, натрупувајќи богатство и моќ со кое комотно ги контролираат своите инсталирани политички пулени.

Верувам и воедно длабоко сум уверена дека Република Македонија може да го преживее ова економско цунами, доколку токму оние кои најмногу ја злоупотребија и ја раскрчмија нашата држава, денес ќе ги поделат своите украдени добра и ќе го отплатат долгот за нечесно стекнатата приватизација, секако заедно со сите оние кои им овозможија и го легализираа истото.

Уверена сум дека доколку продолжи овој бесрамен начин на дејствување, кој го зголемува ужасот и не фрла во ужасна и бавна економска и општествена смрт, СДС засекогаш ќе замине на маргините на темната национална историја, а Република Македонија заслужува и ќе добие чесна и праведна економска лустрација која е воедно и тест за зрелоста на националното ткиво и на граѓанската одговорност. Или народски речено: „Чест секому, попуст, никому“!

Фејсбук статус на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Локални избори 2021