петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Василевска: „Право и правда за сите“ на Силјановска е единствениот слоган што ја изразува желбата на сите граѓани

Василевска: „Право и правда за сите“ на Силјановска е единствениот слоган што ја изразува желбата на сите граѓани

Страшно е тоа што може да се прави во позадината за време на изборниот процес, полнење кутии, психолошки притисок врз граѓаните. Сето друго како средби со граѓани, претставување на програма, со цел привлекување на гласачи е многу вообичаен начин на функционирање во изборна кампања, но не знам дали ќе биде така, вели Иванка Василевска, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на телевизија 24.

Василевска говорејќи за изборните слогани на претседателските кандидати истакна дека „Право и правда за сите“ на Гордана Силјановска Давкова е единствениот слоган што ја изразува желбата на граѓаните.

-Тоа само по себе кажува дека тоа е она што е клучно во државава, а на тоа се темели и нејзината програма. Кога го одбра Право и правда за сите таа избра да биде натпартиски кандидат, да биде претседател на сите, да не биде дел од политичките игри, да не дозволи кршење на Уставот и останатите правни норми. Овој слоган ја одрзаува и неа бидејќи таа е угледен професор во нејзината фела, не само во Македонија, туку и во меѓународни рамки, рече Василевска. Според Василевска бојкот на избори заговараат оние политички опции кои се подготвени луѓе да изгорат само за да дојдат до столче во парламентот.

-Тоа е едно јадро кое почна да дејствува сакајќи да направи патриотско декларирање, а јас велам тоа е естраден патриотизам. Овие луѓе не разговараа со оние кои го имаат најголемиот удел во обединувањето на национаното јадро во државата, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Дел од нив ги увидоа пропустите и сега ја поддржуваат професорката Силјановска, рече Василевска.

Коронавирус