понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 206
home Вести

Василевска: Повеќе од несериозно е да се попишуваат лица кои не се физички присутни само врз основа на изјава!

Василевска: Повеќе од несериозно е да се попишуваат лица кои не се физички присутни само врз основа на изјава!

Предлогот за употреба на скенерите за отпечаток на прст при спроведувањето на престојниот попис беше со цел да се елиминира можноста за манипулација со резултатите, рече во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“, на Алсат телевизија, пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Таа истакна дека повеќе од несериозно е да се попишат лица кои што не се физички присутни во Македонија без приложување на лични документи само со изјава, освен за малолетни лица при што тоа остава простор за сомнеж. Таа додаде дека по стандардите на Еуростат, треба да се попишат македонските државјани кои 12 месеци се резиденти на државата.

„Да се попишуваат лица коишто не се физички присутни, само со изјава и без приложување на лични документи, освен кога станува збор за малолетни лица, е повеќе од несериозно и остава простор за сомнеж“, рече Василевска.

Василевска, појасни дека поради сомнежите кои постојат во јавноста дека ќе се фалсификуваат бројките,тие инсистираа при попишувањето да се користи „фингер-принтот“ и ако власта прифатеше ќе успееше да го спаси образот на Законот за попис, кој инаку се донесе денаска во македонското Собарние.

„Знаете ли зошто е „фингер-принтот“? Токму за да се избегне можноста да се фалсификуваат бројките. Тврдам дека решението за „фингер-принтот“ е успешно и сметам дека ќе дојде време кога и вие ќе го предлагате и ќе сфатите зошто сме го давале, со многу добра намера и ќе го спасеше образот на овој закон“, додаде Василевска.

Најнови вести

Коронавирус