четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Попишувачите кои ќе го спроведат пописот се партиска војска на СДСМ и ДУИ

Василевска: Попишувачите кои ќе го спроведат пописот се партиска војска на СДСМ и ДУИ

Иванка Василевска, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ говореше за пописот каде посочи дека бројката на 35. 000 попишувачи ќе бидат од партиската војска на СДСМ и ДУИ кои ќе бидат предизборно нахранети.

-Методологијата ги одразува најголемиот дел од одредените параметри кои што ги бараат Евростат. Но ако беа толку транспарентни ќе допуштеа методологијата заедно со предлог законот да отидат во собраниска процедура. Методологијата е објавена вонзаконското решение како подзаконски правен акт и тоа отвори многу дебати зошто ова се случува. Бројката на 35.000 на попишувачи ќе биде ништо друго освен партиската војска на СДСМ и ДУИ кои ќе бидат предизборно нахранети, ангажирани за две цели да ги затишат малку финансиски, но и да ги дополнат своите датотетки во однос на состојбата и расположение пред престојните локални избори. Токму тоа и ни се случи минатата недела партиските ограници на СДСМ најтранспарентно си повикаа свое членство да се пријави и да влезат во оваа екипа на попишувачи, рече Василевска.

Понатаму Василевска во врска со пописот ја посочи и пандемијата која владее и посочи дека со ова власта го доведува во ризик здравјето на сите граѓани.

-Има уште еден момент кој не треба да се заборави, сега сме 2021 година и покрај другите недостатоци кои ги има ова законско решение имаме ситуација на сериозна светска пандемија. Ние имаме ситуација во која ова попишување ќе се врши без никакви превентивни мерки од аспект на превентивата која на светско ниво е во тек. Ние треба да влеземе во ризик со тоа што ќе прекршиме Устав и ќе го доведеме во знак на прашање нашето здравје и здравјето на нашето семејство, додаде Василевска.

Коронавирус