среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Василевска: Подготовка за попис е предоцна, на власта приоритет и беше распродавање на националната историја

Василевска: Подготовка за попис е предоцна, на власта приоритет и беше распродавање на националната историја

– Помина првото читање на законот за попис, а она што е спорно ние веќе како опозиција го кажавме нашиот став во врска со постапката како се одвива целиот процес. Бидејќи овој закон за попис ад хок закон и се носи со точна намена и има своја определена цел, а тоа нели е пописот на резидентното население на Република Македонија. И во таа смисла она што е прво и што треба да го знае јавноста дека е веќе премногу доцна. Значи се поминати роковите, појасни Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата„За обнова на Македонија“ на емисија „24 анализа“.

Василевска додаде дека уште во септември ДЗС апелираше ако следната година сакаме спроведување на попис треба да се започнат процедурите за истиот да се оствари.

„Власта имаше повеќе желба да се занимава со распродавање на националната историја, на националното достоинство, се занимаваат со завршување на нивните бизнис зделки како клан владејачки, како што е процесот на марихуана. А, пописот се остави на страна бидејќи поважни беа на власта други работи и приоритети“, истакна Василевска.

Коронавирус