сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 101
home Вести

Василевска: Основата на Заев е богатење на кланот Заеви,тој за ништо друго не знае

Василевска: Основата на Заев е богатење на кланот Заеви,тој за ништо друго не знае

Таков медиумски мрак и цензура како сега во овој период на Зоран Заев немало до сега. Заев прави една пиар стратегија. Но, не очекуваат од интелектуалците да излезат од својот комфор и да влезат во огнот. Веќе тоа не е можно, се случува нешто друго има реакција од сите, заедника реакција, рече Иванка Василевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисјата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа коментирајќи ги ставовите на премирот Зоран Заев во интервјуто дадено за БГНЕС.

Таа упати на еден докумет од Бугарија од кој се гледа дека уште од 2008 Бугарија го планирала ветото и блокадите за Македонија.

-Има еден натпис објавен во Нова Македонија под назив Бугарска стратегија за уништување на македонската нација. Во март 2008 година промовирана е една книга за бугарската политика кон Република Македонија. Зошто е ова важно? Според документите и пишувањата се вели дека бугарската држава мора да дејствува пред влез на Македонија во ЕУ зошто потоа ќе и се укратат инстументите на Бугарија како ветото, посочи Василевска.

Според неа многу е јасно каков политилар е Заев.

-Во неговата основа е некрофилија и богатење на кланот Заеви. Сите претходно од СДСМ сакаа да направат нешто за себе, но имаа некој континуитет во политиката за државата. А овој сега е нешто сосема друго, посочи Василевска.

Најнови вести

Коронавирус