сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 112
home Вести

Василевска: Образованието во Република Македонија е главната алатка за обезличувањето на асномските темели на македонската национална државност

Василевска: Образованието во Република Македонија е главната алатка за обезличувањето на асномските темели на македонската национална државност

Образованието во Република Македонија е главната алатка за обезличувањето на асномските темели на македонската национална државност, обвини Иванка Василевска, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

-Таканаречената реформа на Мила Царовска е хибрид на домашни и странски нарачки кои имаат само една цел, да ги обезличат и да ги исчистат суштинските национални белези кои ќе создадат генерации на неписмени граѓани. Законот за учебниците по историја, законот за наставен надар во основните и во средните училишта, Законот за бирото за развој на образованието се дел од скандалозната реформа со кои власта се обидува да спроведе деноминација и обезличување на младите во Република Македонија. На денешната седница на Комисијата за образование и наука се направи обид за провлекување на овие скандалозни предлог на закони без воопшто да се разгледаат заклучовите од одржаната јавна расправа од 5 февруари и не се земени во предвид сугестиите и препораките на научната и стручната јавност, истакна таа.

Таа апелира до целокупната јавност дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“  е заедно со заложбите на граѓаните против оваа скандалозна реформа и истата ја оценуваме како штетна за идните генерации и за иднината на Република Македонија

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија