понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 112
home Вести

Василевскa: Невладина организација на Јасна Мандиќ добила финансиски средства од Владата!

Василевскa: Невладина организација на Јасна Мандиќ добила финансиски средства од Владата!

Јасна Мандиќ и официјано уште е сопственик на НВО Ресурсен центар, ова е извадок од Тековна состојба издадена од Централниот регистар, од вчера 18.06.2020 година. Во истата Јасна Мандиќ е наведена како сопственик, објави Иванка Василевскa, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се бори со спрегите на Зоран Заев и нивните истурени перјаници кои ја држат Република Македонија во заложноштво. Наша одговорност е секогаш да бидеме на браникот на вистината и на правдата. Оттаму, повторно потсетуваме:

Одлуката за тоа кои НВО ќе добијат дел од пола милионскиот колач е донесена во рок од два дена. Аплицирале 549 НВО-а, а пари добиле само 40, од кои е дел и НВО на Мандиќ. Рокот за аплицирање бил 6 дена, додека рокот за евалуација само 2 дена, односно од 11 јуни кога завршило аплицирањето до 13 јуни кога е одлучено кој ќе добие пари.
Со други зборови комисијата која одлучувала или има супер моќ да прочита над 5490 страни за неполни 48 часа, или претходно знаеле кој треба да добие дел од колачот.

Ова се темите и ова е дебатата која ги интересира сите граѓани на Република Македонија. Се останато е само дребна злоупотреба на ранливите категории и ниска пропаганда на корумпираната и ненародна власт во заминување!

Фејсбук статус на Иванка Василевскa:

Коронавирус