четврток, 4. март 2021. Вести денес: 139
home Вести

Василевска: Измената на образовниот систем од страна на Царовска не е за да се поправи образованието, туку да се исполнат желбите на други држави, ветени од Заев

Василевска: Измената на образовниот систем од страна на Царовска не е за да се поправи образованието, туку да се исполнат желбите на други  држави, ветени од Заев

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади Бурек” кај Јанко Илковски на ТВ Сонце гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска која зборуваше за историските прашања во однос на спорот со Република Бугарија, лошите владини политики, како и за моменталните политички случувања во државата.

Василевска е децидна и стои на ставот дека оваа владина гарнитура предводена од Зоран Заев и СДСМ е најрасипничката владина гарнитура која што некогаш ја водела Република Македонија, поради тоа што е единствената група политичари која се нафати да преговара и да се пазари со соседните земји за работи за кои ниту една Влада досега не се согласила.

Според Василевска, историјата и историските факти се онакви какви што се запишани. Тие не се варијабилни податоци кои би можеле дополнително да се надградуваат или намалуваат, туку се точни и концизни и точно се знае кој херој во која доба живеел, творел и се борел за Република Македонија. Тоа се податоци кои што се изучувани во училиштата со години и векови наназад, генерации зад нас учеле една и единствена историја, а не некоја нова измислена, вели Василевска.

“Не е коректно, емпатично, ниту пак нормално да посегнете по изменувањето на образовниот систем во земјата, бришејќи го предметот историја од образовните програми, со што ќе се создаде ново гледиште за историјата, односно ќе ја измени вистинската историја на Република Македонија и ќе се создаде нова перцепција во однос на македонската историја. Многу е лошо кога некое дете кое што од своите родители или баба и дедо учело нешто што сите сме го учеле, сега да се соочи со некои нови податоци кои што ниту се реални, ниту пак нормални за прифаќање”, додаде Василевска.

Според Василевска, измените во образовниот систем не се поради тоа што министерката Царовска или пак Заев сака да го подобри образованието во државата, туку да се додворат на туѓи политичари за потоа да можат на сметка на тоа да бараат сопствени материјални добивки врз грбот на граѓаните. за жал, заврши Василевска.

Коронавирус