среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

Василевска до Калевска-Ванчева: Пукнат му е филмот на македонскиот народ, а сега треба да веруваме дека вашиот премиер ќе направи реален попис или пак ќе ја фалсификувате Македонија

Василевска до Калевска-Ванчева: Пукнат му е филмот на македонскиот народ, а сега треба да веруваме дека вашиот премиер ќе направи реален попис или пак ќе ја фалсификувате Македонија

-Има сериозни прашања кои не можат да се сведат на техничко-математички операции, не можете да дозволите Македонија да биде фалсификувана, граѓаните мора да добијат реален попис – и реплицираше пратеничката Иванка Василевска на Калевска-Ванчева пратеничката на СДСМ во вечерното издание на Топ Тема во Телма телевизија.

Да не ги релативизираме прашањата за националност и религиозна определба, ќе инсистираме на формирање на Пописна комисија од експерти академици и професори статистичари кои ќе вршат супервизија на пописот, порача Василевска.
Треба да бидеме заштитници на македонското достоинство, отиде Македонија со ова СДСМ, гледајте премиерот што ви прави јавно, ВМРО-ДПМНЕ претходно можеби имало грешки, но барем не бевме предавници на сопствениот народ, доживеавме ваква ситуација сега со Бугарија,а сега треба да веруваме дека овој премиер и оваа ваква власт нам ќе ни обезбеди најдобри намери и ќе спроведе реален попис – критикуваше Василевска.

Василевска и потенцираше на Калевска- Ванчева дека ова владеење ќе има крај, но ова владеење мора да има ресет, овој начин на дијалог говори дека постои потенцијал, а власта треба да не убеди со прифаќање на амандманите и забелешките за овој закон има добри намери.

Василевска вели дека пукнат му е филмот на макеоднскиот народ со добрите намери на СДСМ и Зоран Заев кој гледаме секојдневно како говори противдржавните интереси.

Коронавирус