петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 96
home Вести

Василевска: Дали господинот Драги Рашковски е над законодавната, извршната и судската власт?

Василевска: Дали господинот Драги Рашковски е над законодавната, извршната и судската власт?

На новинарското прашање „Господинот Драги Рашковски денеска на Фејсбук напиша дека утре ќе има прес конференција во 12 часот и ве повика и вас да присуствувате бидејќи нели имало обвинувања од сите страни и од ваша страна и ве повика да  присуствувате. Дали би отишле на прес конференцијата“, Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ постави контра прашање.

Дали господинот Драги Рашковски е над законодавната, извршната и судската власт?

-Драги Рашковски не може од позиција на генерален секретар на владата да повикува никого. Тој треба да биде повикан и овие сомнежи кои ние ги објавивме сакаме да бидат процесуирани институционално затоа што тој треба да биде повикан во Јавното Обвинителство и тука да ги даде своите одговори. Ќе ви кажам уште нешто. Република Македонија е сериозна држава, ова не е банкет држава ниту гранап држава ние да си се повикуваме едни со други, ова не е лична пресметка. Станува збор за криминал кој што треба да оди на штета на даночните обврзници, т.е. на граѓаните на Република Македонија, така што мислам дека колегата Рашковски има каде соодветно да си ги брани своите позиции и да ја докажува својата невиност, рече Василевска.

Коронавирус