среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 76
home Вести

Василевска: Дали финансирањето на владата на НВО на Мандиќ е поткуп за влијание пред почеток на судењето за Рекет 2?

Василевска: Дали финансирањето на владата на НВО на Мандиќ е поткуп за влијание пред почеток на судењето за Рекет 2?

Владата на СДСМ и дава пари на Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, обвинета во Рекет 2, а која сега се наоѓа во домашен притвор. Невладината организација на Јасна Мандиќ Ецеговиќ, обвинета за перење на парите на Боки 13 преку Меѓународниот сојуз и директорка во 1ТВ, во скратена постапка во ек на коронакриза од владата добила 882.000 денари, обвинува Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имаме извадок од службен весник од која се гледа дека „Ресурсен центар“ добил 882.000 денари од владата на Република Македонија. Ова е Решение за тековна состојба на „Ресурсен центар“ издадено од Централниот регистар на Република Македонија, од кое се чита дека сопственик на оваа невладина организација е Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Дали финансирањето на невладината на Мандиќ со државни пари не е поткуп со цел влијание над обвинетата во тек на кривичната постапка, која се води против неа, а во која обвинети се и други лица дел од власта или блиски до неа?! Дали финансирањето на Мандиќ е со цел нејзино замолчување пред почетокот на судските рочишта за Рекет 2, а со цел отргање на вниманието од Зоран Заев и Вице Заев, кои вчера беа посочени како лица кај кои завршиле парите од Рекет?! – прашува таа.

 

-Одлуката за тоа кои НВО ќе добијат дел од пола милионскиот колач е донесена во рок од два дена. Аплицирале 549 НВО-а, а пари добиле само 40, од кои е дел и НВО на Мандиќ. Рокот за аплицирање бил 6 дена, додека рокот за евалуација само 2 дена, односно од 11 јуни кога завршило аплицирањето до 13 јуни кога е одлучено кој ќе добие пари. Со други зборови комисијата која одлучувала или има супер моќ да прочита над 5490 страни за неполни 48 часа, или претходно знаеле кој треба да добие дел од колачот. Парите кои Јасна Мандиќ ги добива од владата се на само 5 дена пред пресудата за случајот Рекет, каде осуден е Боки 13, нејзиниот поранешен шеф. Ова е директен обид за мешање во кривичната постапка и влијание врз засегнатите, истакна Василевска.

 

-Го повикуваме ЈО и институциите да го истражат случајот на кој начин бил вршен изборот. Го повикуваме и Министерството за финансии веднаш да ја укине постапката за доделување на средства и со тоа да спречи понатамошно влијание со државни пари во судска постапка. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, посочи таа.

Коронавирус