понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 130
home Вести

Василев: Револтирани сме од одлуката професор по физичко да води културен центар, политиката да ги тргне рацете од културата

Василев: Револтирани сме од одлуката професор по физичко да води културен центар, политиката да ги тргне рацете од културата

Ванчо Василев од иницијативата „Култура или фис-култура“ во денешното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, основна причина за формирање на иницијатива дошла откако за прв човек на струмичкиот центар за култура Антон Панов било назначено лице дипломиран професор по физичко образование, истакнувајќи дека тие од таквата одлука се незадоволни и револтирани.

Нашиот проблем започнува веднаш по објавувањето на одлуката од страна на Министерството за култура за назначување на генерален директор Васил Бубев. Профилот кој што тој го поседува е нели дипломиран професор по физичко образование и ние сме незадоволни и револтирани од таа одлука и токму затоа решивме да ја формираме Иницијативата Култура или фискултура, рече Василев.

Василев нагласи дека мотото на иницијативата е целосна департизација на културата, посочувајќи дека имаат поддршка од над 350 културни работници и уметници, но и дека чека во следниот период овој број да порасне.

Основно мото на нашата иницијатива е департизација на културата, дека е време политиката да ги тргне рацете од културата. Нашата иницијатива е поддржана веќе од над 350 културни работници и уметници. Се надеваме дека ќе имаме уште повеќе поддржувачи.

Василев додаде дека од досегашните две средби кои што ги имале со министерката за култура не вродиле со плод, а нивното основно барање било веднаш повлекување на ваквото решение и назначување на ново лице в.д директор се со цел да може институцијата непречено да работи.

Веднаш по објавувањето на таа одлука, ние побаравме средба со министерката за култура во која што јасно ги испорачавме нашите барања а основно наше барање беше да дојде до отповикување на таа одлука и назначување на нов в.д директор на институцијата со цел да може нашата институција непречено да работи. Но, за жал ние имавме две средни со министерката за култура од кои и двете средби не вродија со никаков плод. Средбите завршија дека формално правно избраниот кандидат ги исполнува критериумите на министерството. Така да сега за сега немаме никаква комуникација со министерката за култура и не знаеме какви чекори таа планира да преземе, изјави Василев.

Коронавирус