вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Василев: Поради политички притисок на судиите не им се овозможува да судат според законите и правото, непристрасно и професионално

Василев: Поради политички притисок на судиите не им се овозможува да судат според законите и правото, непристрасно и професионално

Адвокатот на одбраната на обвинетите од случаите на Специјалното јавно обвинителство, Петар Василев во вчерашното интервју во емисијата „Несомнено“ на Катерина Гетева рече дека ниедно заканодавство не познава ретроградно носење на законите со повратно дејство, посебно не на штета на обвинетите, алудирајќи дека аболицијата на претседателот на Иванов има правно дејство и покрај тоа што тој ја укинал.

Како доказ дека во Македонија не се почитуваат законските решенија, Василев го посочи и случајот на двајцата високи функционери во МВР Бошковски и Грујовски кога Врховниот суд донел одлука дека нема да дозволи екстрадиција бидејќи амнестијата на претседателот е се уште во сила и таа произведува правна последица, додека тоа не е случај во Македонија од страна на македонските судови бидејќи судот не ги запира постапките на СЈО.

За случајот кој се води против Бошковски и Грујовски, Василев вели дека последното рочиште било одложено бидејќи судот во Грција предметот го испратил до Институтот за меѓународно право, при Универзитетот во Атина за правни и политички науки и тој институт имајќи ги во предвид законите и законот за повлекување на амнестијата од страна на претседателот биле детално разгледани.

-Ниедно законодавство, ниту правната наука не познава ретроградни носења на закони со повратно дејство, односно со дејство наназад. Посебно не на штета на обвинетите. Тие изготвија детален извештај и нагласија дека помилувањето е се уште во сила и дека тоа предизвикува правни последици во однос на постапките, додаде Василев.

За предметите Таргет, Тврдина и Трезор постапката се уште не биле започната со оглед дека судот коректно почекал да види што ќе се случи со екстрадицијата. Тој додаде дека Апелација ја укинала пресудата за Тврдина 2 и го вратила предметот на повторно одлучување од првостепениот суд со препорака дека судијата направил повреда во постапката бидејќи не почекала да заврши екстрадиционата постапка.

Василев вели дека постапките кои што се водат пред македонскиот суд  за случаите на СЈО не може да се каже дека се водат на еден фер и правично судење пред се поради непочитување на законите, бидејќи со самото дозволување на незаконско стекнатите аудио материјали и транскриптите кои ги поседува СЈО, дозволувањето на овие материјали да бидат доказ во постапките е директно спротивно на законот за кривична постапка. Тој нагласи дека се бара начин со извртување на правните норми да тие се вметнат и да може да се користат во кривичната постапка меѓутоа тоа според него е толку волантаристички и толку неиздржано што и за овие прашања е убеден  дека еден ден ќе бидат расчистени и ќе се донесе одука дека постапката не е водена фер и правично против обвинетите, со оглед дека не е почитувано правото и законите.

-Замислете го апсурдот за дел од таканаречените бомби, во голем дел од предметите се веќе ковертирани од страна на судија на претходна постапка, уште кого предметите ги водел ОЈО. Кога една аудио снимка е ковертирана таа не може да биде отворена се додека не се донесе одлука со кој ќе се поништи првата одлука за ковертирање и издвојување од списите на предметот. Овде со квази одлуки се побара од Апелациониот суд да донесе решение како божем да ова решение не постои и се донесија решенија на Апелација и сега се почитува тоа решение, а не се почитува претходното решение. Такво нешто е недозволиво за еден исти предмет, впрочем тука постои и правниот институт „rest judicata“ односно пресудена работа. По тоа прашање еден суд пресудил и донел одлука, а таа е правосилна и извршна, со никаква друга одлука не може да се намали и ли избрише нејзиното дејство. Користењето на снимките по изговор дека е од јавен интерес или фактот што Апелација донела таква одлука е незаконит и не може да произведе законито правно дејство, односно не може да донесе до носење на законита одлука, нагласи Василев.

За најавените реформи во правосудството тој смета дека не верува во заложбите за реформи во правосудството бидејќи во последно време се носеле незаконски одлуки. Доколку се ослободат судите од притисок на политичкото влијание Василев вели дека судовите имаат капацитет на носење на законите одлуки.

Коронавирус