петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 134
home Вести

Василев: Моментално во државата имаме казнивост по секоја цена, дали државата е заробена или ослободена?

За одлуката на Врхвниот суд во Грција за одбивање на екстрадацијата на Грујовски и Бошковски, Василев рече дека треба да се почитува бидејќи одлуката е според европските судски стандарди кои се на повисоко ниво од нашите. 
Василев: Моментално во државата имаме казнивост по секоја цена, дали државата е заробена или ослободена?

Адвокатот Петар Василев, кој е застапник во одбраната во поголем број случаи кои ги води СЈО, во емисијата „Правда и неправда“ вели дека моментално судството во државата ги третира осомничените за виновни без да се поведе судска постапка односно без да се докаже дали навистина тоа е така.

Од аспект на тоа, Василев посочи дека моментално во државата по секоја цена се казнуваат осомничените лица без да се спроведдее соодветна одбрана и од тука постави прашање дали државата е заробена или ослободена?.

-Додека не се докаже дека тој човек не го сторил кривичното дело, не може да се теретира некој дека е виновен односно дека ги сторил кривични дела. Тоа треба во една судска постапка да се поведе меѓутоа од аспектот на казнивот и неказнивост ако имало некогаш неказнивост , сега имаме казнивост по секоја цена и тоа е прашање дали е добро и тоа е прашање на тоа дали државата е заробена или е ослободена, праша Василев.

За пример, Василев  го  посочи предметот „Тенк“ за кој е обвинет Никола Груевски за набавка на блиндиран мерцедес, кој е осуден на 2 години затврска казна. Тој истакна дека таа постапка нема основа да се покрене бидејќи веќе е застарена.

-Тој е осуден на две години ефективна казна затвор во предметот за набавката на блиндираниот мерцедес. Таа постапка како адвокат и како учесник во истрагата знам дека е  релативно застарена односно не можела да биде поведена  после 3 години откако наводно го сторил кривичното дело кое не ни го сторил,  рече Василев.

Тој истакна дека одбраната уште од самиот почеток побарала од СЈО да ја прекине истражната постапка, имајќи го во предвид, Законот за кривична постапка 304, став 1 според кој доколку настапат услови за застареност или постои акт на амнестија , обвинетиот е должен со наредба да ја запре истражната постапка.

-Ние во таа фаза после 12 април 2016 година, веднаш побаравме од Обвинителството да ни ја достави таа наредба имајќи во предвид дека сметаме дека Обвинителството постапува согласно закон и согласно членот 304 и новонастанатата правна ситуација, мора да донесе наредба за запирање на истражната постапка. Такво нешто не се случило. Ние тој предмет и оваа правна ситуација ја аргументиравме во приговорите на обвинителните акти, меѓутоа тие поминаа како брз воз директно во судските постапки иако во нашите приговори имаше огромен број на приговори кои што се издржани согласно закон. Меѓутоа не примената на Европските стандарди на практикување на правото не доведоа до судски постапки и уште долго ќе не водат вака со вакво судство, нагласи Василев.

За одлуката на Врхвниот суд во Грција за одбивање на екстрадацијата на Грујовски и Бошковски, Василев рече дека треба да се почитува бидејќи одлуката е според европските судски стандарди кои се на повисоко ниво од нашите.

-Грција е членка на Европската Унија и членка на советот на Европа а со тоа е директен потписник и почитувач на европската конвенција за човековите права. Демократките и правните стандарди кои важат во Р. Грција тврдам дека се на повисоко становиште од стандардите кои важат во Р. Македонија.Кога еден суд во една држва која во наводници не ни е толку наклонета носи ваква одлука поради сопствениот интегритет, поради интегритетот на сопствените судии, тие сами, заради нивниот интегритет и заради ништо друго имајќи во предвид дека се обврзани да ја почитуваат европската конвенција, по изнесувањето на нашите факти, по презентирањето на предметите на кои се повикавме кои што биле веќе одлучени а се идентични пред Европскиот суд за човекови права кажа Василев.

Исто така и Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Европскиот суд за човекови права, испрати порака до националните судови да одговораат соодветно на барањата на одбраната на случаите што ги води СЈО. Таа истакна дека домашните судови не можат да ги избегнат прашањата кои што ги покренува одбраната бидејќи веројатно сите случаеви на СЈО ќе се најдат пред Европскиот суд за човекови права.

Коронавирус