вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

„Вашингтон пост“: Заев разочаран и бесен на ЕУ, оставка поднесе без образложение

„Вашингтон пост“: Заев разочаран и бесен на ЕУ, оставка поднесе без образложение

Зоран Заев, премиерот на Северна Македонија денес ја депонираше својата оставка, отворајќи го патот да биде именуван нов кабинет за да организира предвремени избори, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“.

Пратениците во македонското собрание ја прифатија оставката без да има некоја расправа и планираат да гласаат подоцна во текот на денешниот ден со цел формирање на техничката Влада која ќе ги организира изборите на 12 април.

Предходно, односно минатата година, најголемите политички партии во нашата земја, постигнаа договор, Оливер Спасовски, тогашен министер за внатрешни работи во владата на Зоран Заев, да биде технички премиер.

Заев побара предвремени избори, забележувајќи го неговото „разочарување и бес“ од неуспехот на Европската унија да не започне преговори за членство со Северна Македонија и Албанија минатата година, истакнува весникот.

Франција, поддржана од Данска и Холандија, остро се спротивстави на разговорите за членство, повикувајќи на реконструкција на процедурите на ЕУ за прием на нови членки.

Владата предводена од социјалдемократите на Заев ја презеде функцијата во 2017 година.

 

Коронавирус